Меџик Џонсон: Јокиќ ја менува кошарката како Џордан, Бирд, Коби…

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња во НБА Меџик Џонсон, го смести Никола Јокиќ во великаните на најдобрата лига во светот. Џонсон му даде огромно признание на Јокиќ откако Денвер го „збриша“ тимот на ЛА Лејкерс, и се пласираше во големото финале на НБА каде го чека подобриот од Мајами – Бостон (3-1).

Јокиќ имаше трипл-дабл на последниот меч, и беше прогласен за МВП. Србинот собори 56 години стар рекорд на Вилт Џемберлен со осум трипл-дабл натпревари во плеј-офот, а просечно бележеше 29,9 поени со 13,3 скока и 10,3 асистенции во сериите против Минесота, Феникс и Лејкерс.

„Јокиќ ја менува кошаркарската игра пред нашите очи како Џордан, Бирд, Џејмс, Кари, Брајант, Абдул-Џабар и Шекил О’Нил“, напиша Џонсон на „Твитер“.

Се вчитува...