Меџик Џонсон: Сега е време за семејството и најблиските…

Легендата на НБА-лигата, Меџик Џонсон, порача дека овој период на откажување на натпревари треба да биде искористен за минување на што повеќе време со семејството. Сите професионални спортови во САД се стопирани на неодредено време, а се уште не се знае кога ќе биде можност повторно да се појават на терен големите „ѕвезди“ на НБА-лигата, НХЛ-лигата, како и да стартуваат возбудувањата во МЛБ-лигата во бејзбол.

„Донесена е вистинската одлука – да нема професионален спорт. Овие спортисти, мажи и жени, се нечии синови и ќерки, сопрузи и сопруги, мајки и татковци, кои имаат семејни проблеми како и сите други. Колку и да ја сакам кошарката, во моментов приоритет мора да биде семејството, тоа е најважно од се. Сега е време за семејството и најблиските, заштитете се себе и луѓето кои ги сакате во овој период. Продолжете да читате, гледајте вести и едуцирајте се за да бидете подготвени за овие тешки времиња“, порача Меџик Џонсон.

Се вчитува...