Меџик Џонсон со порака до Дончиќ – Лука, дојди во „ЛА-ЛА ЛЕНД“

Лос Анџелес Лејкерс дојдоа до 17. титула во НБА лигата со која се израмнија со големиот ривал Бостон Селтикс на првото место на вечната листа. И покрај освојувањето на трофејот од Лејкерс веќе размислуваат за новата сезона во која ќе се обидат да го одбранат трофејот. Легендата на клубот од ЛА, Меџик Џонсон испрати порака до Лука Дончиќ да му се приклучи на тимот и заедно со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис да продолжат со доминацијата во лигата.

„Лука Дончиќ. Тој човек многу ми се допаѓа. Затоа имам само едно нешто да му порачам. Лука, дојди во „ЛА ЛА ленд““, изјави Меџик.

Дончиќ се уште го одработува „руки“ договорот со Далас Маверикс, а американските медиуми веќе на големо пишуваат дека сопственикот на клубот, Марк Кјубан ќе се обиде да го задржи одличниот Словенец да не замине во ЛА, со тоа што во тимот ќе го донесе најкорисниот кошаркар од последните две сезони, Јанис Адетокумбо.

Се вчитува...