Медин Бајрами си замина од Воска Спорт

Еден од најстандарните играчи на Воска Спорт низ прволигашката конкуренција во минатата сезона Медин Бајрами, се раздели со охридскиот клуб. Тој сега е слободен играч, и може да си бара нова средина каде што ќе ја продолжи кариерата.

Бајрами во минатото играше и за помладите селекции на Македонија. Играше и во Ренова и Беласица, а има и интернационално искуство, откако мина неколку сезони во Словенија, во екипите на Марибор, Кршко, Драва Птуј и Илирија.

Сезоната ја заврши како еден од најдобрите во екипата, со еден гол и една асистенција во 22 одиграни натпревари во Првата лига, а со Воска стигна и до финалето на Купот на Македонија.

Се вчитува...