Медисон го нокаутираше преполовениот Манчестер Јунајтед

Тотенхем го доби дербито на колото во англиската Премиер-лига против Манчестер Јунајтед со 1-0, во дуелот на двете екипи кои се најголеми разочарувања сезонава во елитното англиско фудбалско друштво.

„Црвените ѓаволи“ беа преполовени поради неиграњето на бројни првотимци, со слични проблеми се соочи и Потекоглу, но стратегот на Тотенхем најде начин да го разбуди својот тим, да одигра квалитетен дерби меч и да стигне до заслужени бодови. Медисон беше херојот на „спарси“ со гол за победа во раната фаза на дербито, а со оглед на создадените шанси гостите можат да бидат и задоволни што си одат дома со само еден гол во сопствената мрежа.

Новиот пораз знаеше и пад на Јунајтед на петнаесеттото место на табелата со само 29 по 25 одиграни натпревари.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...