Медисон Кис во полуфинале против Осака на УС Опен

Американката Медисон Кис ќе игра во полуфиналето на УС Опен откако во четвртфиналната пресметка славеше во два сета против Шпанката Карла Суарез Наваро.

Кис ја победи шпанската тенисерка со 6-4,6-3 по еден час и 24 минути игра.

Во полуфиналето Медисон Кис ќе се сретне со Јапонката Наоми Осака која беше подобра од Украинката Цуренко.

Се вчитува...