Медитеранските Игри: Лазаров го повика Манасков, ракометарките со најсилен состав

Селекторите на ракометните репрезентации на Македонија, Кире Лазаров и Љубомир Савевски, ги објавија пошироките списоци на играчи во пресрет на Медитеранските игри што летово ќе се одржат во Оран, Алжир.

Лазаров за ова натпреварување смета на Дејан Манасков, кој ќе има можност летово низ серија квалитетни средби да се врати во посакуваниот натпреварувачки ритам. На поширокиот список се наоѓаат и „вардарците“ Филип Талески и Мартин Томовски, но ги нема бундеслигашите Пешевски и Кузмановски.

Што се однесува до женската репрезентација, Савевски ги повика најдобрите ракометарки, па јасно е дека „црвено-жолтите“ ќе ги искористат Медитеранските Игри за кревање на формата во пресрет на Европското Првенство што ќе се одржи во Скопје на почетокот на месец ноември.

Се вчитува...