Медиумите го „вратија“ Нејмар во Барселона, но Чави е против

Неколку шпански медиуми објавија дека во текот на вечерта Нејмар не е повеќе дел од ПСЖ, и дека е пред враќање во Барселона после шест години од трансферот од „Ноу Камп“ на „Паркот на Принцовите“ за рекордни 222 милиони евра.

Наводно Нејмар на социјалните мрежи објавил фотографија заедно со Винициус и Милитао, а тоа беше окарактеризирано како напуштање на тимот и средба со овие играчи во иднина.

Меѓутоа во тоа „враќање“ на Нејмар во Барселона има еден голем проблем, а тој се нарекува – Чави. Екс соиграчот на Бразилецот токму во дресот на Барселона бил против враќање на играчот во Барса, наводно сметајќи дека 31-годишниот Нејмар негативно ќе влијае на атмосферата во тимот.

Но, ова не е првпат Нејмар да се споменува за враќање во Барселона. Но, досега до трансфер не дојде, а имајќи во предвид мислењето на Чави, како и на навивачите на овој тим кои и натаму му замеруваат на начинот на кој замина во ПСЖ, тогаш овој трансфер тешко дека ќе биде реализиран.

Се вчитува...