Медвед рутински до трето коло, елиминација на Димитров

Вториот носител на УС опен, Русинот, Данил Медведев на рутински начин го мина второто коло на последниот гранд-слем во сезоната УС опен, откако славеше со максимални 3-0 (6-4, 6-1 и 6-2) над Германецот, Доминик Кофер.

Григор Димитров мораше да предаде поради повреда при негатива од 2-0 во сетови против Австралиецот Алексеј Попирин. Во машкиот дел од турнирот пласман понатаму обезбедија и Андриј Рубљов и Пабло Андухар.

Се вчитува...