Медведев без проблеми до второто коло во Пекинг

Данил Медведев без никакви проблеми се пласираше во втората рунда натпревари на АТП турнирот во Пекинг.

На стартот на турнирот, Русинот, кој е втор носител, лесно во два сета славеше против Американецот Томи Пол. Медведев победи по 81 минута игра со убедливи 6-2 и 6-1.

Негов противник во осминафиналето ќе биде Австралиецот Алекс Де Минор кој беше подобар од Енди Мареј со 6-3, 5-7  и 7-6(6).

Денеска во првото коло игра и првиот носите Карлос Алкараз против Јаник Хафман.

Се вчитува...