Медведев: Џабе одев на психијатар, многу повеќе ми помогна она што го кажа Ѓоковиќ

Данил Медведев е голем ривал со Новак Ѓоковиќ на тениските терени, но рускиот ас важи и за добар пријател на српскиот тениски великан.

Медведев не крие дека му е крајно благодарен на Ѓоковиќ за она што го добил од него како совет по слабиот настап на ОИ во Токио.

„Во изминатиот период многу работев и со психолог, не се срамам да кажам дека одев и на психијатар бидејќи навистина ми беше потребна помош. Сепак, можам да кажам дека речиси во ништо не ми помогнаа, она што навистина допре до мене беше советот од Новак Ѓоковиќ. Бев мотивиран за добар настап на ОИ во Токио, но разочарав со она што го покажав на теренот. Бев во депресија бидејќи знаев дека за следна шанса на ОИ ќе морам да чекам четири години, а потоа се потсетив на советот на Ѓоковиќ – дека сите порази треба да те направат посилен и мотивиран за следните турнири. Го искористив токму тоа за дополнителна мотивација на УС Опен“, открива Данил Медведев.

Се вчитува...