Вториот носител Данил Медведев се пласираше во четвртфиналето од турнирот во Пекинг, откако славеше со 2-0 во сетови над Алекс де Минор, за нецели два часа игра. За Русинот ова беше јубилејна 40. победа на тврда подлога во 2023 година, доказ за одличните игри на Медведев на овој вид на турнири, какви што впрочем ќе биде сите до крајот на оваа година.
Рускиот тенисер почна одлично, поведе со 5-2 во првиот сет, но потоа дојде до голем пад во неговата игра, а Де Минор го искористи тоа за со четири гејма во низа целосно да се врати во мечот. Русинот сепак се консолидираше во вистински момент, го доби тајбрејкот во првиот сет со 7-3, потоа и славеше во вториот сет со 6-3, за место во четвртфиналето.
Следен противник на Медведев ќе биде победникот од денешниот дуел меѓу Рубљов и Умбер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА