Медведев до трето полуфинале во низа на УС Опен

Данил Медведев продолжи со добрите настапи во Њујорк откако рускиот тенисер стигна до третото полуфинале во низа на УС Опен, триумфирајќи на вечерашниот четвртфинален дуел против Ван де Зандшулп од Холандија со 3-1 во сетови.

Младиот Холанѓанец важеше за една од сензациите на турнирот, но од самиот почеток се виде дека нема да има сили да го земе скалпот на вториот носител. Медведев уште во раната фаза од мечот направи два брејка и го доби првиот сет со 6-3, а Русинот делуваше уште позастрашувачки во вториот сет, триумфирајќи со 6-0. Ван де Зандшулп успеа да стигне барем до почесен сет добивајќи го третиот со 4-6, за Медведев со 7-5 во четвртиот дел од мечот да го запечати билетот за полуфиналето.

Ривал на рускиот тенисер во полуфиналето ќе биде победникот од вечерашната четвртфинална пресметка меѓу Ожер Алиасим од Канада и Алкараз од Шпанија.

Се вчитува...