Медведев доби казна пред големото финале со Надал во Мелбурн

Рускиот тенисер Данил Медведев во недела ќе го игра големото финале против Рафаел Надал на Австралија Опен. Медведев ќе се бори за својата прва титула во Мелбурн, каде оваа сезона изостанокот на Новак Ѓоковиќ кој беше прв фаворит беше корисно за повеќе тенисери, вклучително и за двајцата финалисти.

Но ден пред големото финале, Медведев е казнет од страна на организаторот поради тоа што на мечот против Стефанос Циципас, имаше сериозен испад кон судијата на кого му упати непримерни зборови.

„Гледај ме кога ти зборувам“… „Дали си толку глуп? Па ти си лош човек“, беа само дел од коментарите кои Медведев ги упати кон судијата.

Поради тоа, Медведев сега е казнет со симболични 12.000 евра, кои ќе мора да ги плати така што ќе му бидат одбиени од целокупниот износ кој ќе го освои, во зависност од тоа дали ќе биде освојувач или поразен во финалето.

За потсетување, финалето се игра утре наутро од 09:30 часот.

Се вчитува...