Медведев е последниот патник во осминафиналето на мастерсот во Париз

Рускиот тенисер, Данил Медведев е последниот патник во осминафиналето на АТП Мастерс 1000 турнирот во Париз, откако доцна вечерва славеше над Белорусинот, Иља Ивашка со 2-0, по сетови 7-5 и 6-4.

Вториот рекет во светот во осминафиналето ќе се сретне со младиот Американец, Себастијан Корда кој во 2. коло беше подобар од Хрватот, Марин Чилиќ со 2-0 (6-2 и 6-4).

1/8 ФИНАЛНИ ПАРОВИ: 

Ѓоковиќ – Монфис

Нури – Фриц

Попирини – Дукворт

Кофер – Хуркач

Руд – Гирон

Димитров – Зверев

Алкараз – Гастон

Корда – Медведев

Се вчитува...