Русинот Данил Медведев е прв финалист на АТП турнирот во Хале.
Медведев во полуфиналната пресметка, во тешка битка, по три часа игра славеше против Александар Зверев.
Медведев го доби првиот сет по тај-брејк со 7-6(1), а на ист начин во вториот сет возврати Зверев добивајќи го со 6-7(3). Во третиот сет славеше Медведе добивајќи го со 6-4, за конечна победа.
Во финалето Медведев ќе игра против подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу Казахстанецот Бублик, кој претходно го елиминираше Синер, и Русинот Качанов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА