Медведев е првиот финалист на УС Опен

Рускиот тенисер Даниел Медведев е првиот патник во финалето на УС опен откако го совлада Канаѓанецот Феликс Огер – Алијасиме со 3-0.

Русинот одлично го започна мечот и поведе со 6-4, но следеше подобра игра на Канаѓанецот кој во сет кој траеше речиси еден час успеа да го намачи фаворизираниот противник, но недоволно за победа (7-5). Во третиот сет Русинот продолжи во добар ритам за победа од 6-2.

Се вчитува...