Медведев едвај победи па се шалеше: „Девојки, пари, казино“

Почетокот на првиот грен-слем во сезоната донесе неочекувано пеколен меч за рускиот тенисер Данил Медведев на кој повеќе од три часа игра и пет сета му беа потребни да го победи 19-годишниот Касидит Самрај од Тајланд.

Русинот издвои тешка победа па беше расположен говорејќи за медиумите. Тој упати и шега велејќи дека доколку Самрај продолжи да игра вака го очекува интересен живот.

„Ако Касидит продолжи да игра вака на секој меч… Неговиот живот може да биде многу убав. Девојки, пари, казино… било што“, вели Медведев.

Минатогодишниот вицешампион во втората рунда го очекува Лернер Тим од Соединетите американски држави.

Се вчитува...