Медведев го доби и Синер за три од три на завршниот турнир во Торино

Русинот Данил Медведев стигна и до третата победа на АТП завршниот турнир во Торино, откако по тешка борба славеше над младиот домашен терен Јаник Синер со 2-1 (6-0, 6-7 и 7-6).

Русинот фуриозно го отвори мечот добивајќи го првиот сет со 6-0 за само 27 минути игра. Младиот Италијанец се врати од почетниот шок и со одлична игра успеа да израмни на 1-1, добивајќи го вториот свет во тај-брејк. Во одлучувачкиот трет сет во епска борба во тај-брејкот славеше со 10-8 за конечен триумф.

Медведев во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од утрешниот меч меѓу Андреј Рубљов од Русија и Норвежанецот Каспер Руд. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ и Германецот, Александар Зверев.

Се вчитува...