Медведев го освои мастерсот во Торонто

Рускиот тенисер, Данил Медведев го освои АТП Мастерс 1000 турнирот во Торонто. Русинот во финалето славеше над Американецот Рејли Опелка со 2-0, по сетови 6-4 и 6-3.

За Медведев ова е вкупно 12 АТП титула, а трета Мастерс, откако во 2019 славеше и во Синсинати и во Шангај.

За Рејли Опелка ова беше најголем успех во кариерата.

Се вчитува...