Медведев го пропушта Ролан Гарос поради војната во Украина: „Белиот спорт“ бара исфрлање на сите Руси од тениските турнири

Војната меѓу Русија и Украина потресе многу спортови. По санкциите на ФИФА и УЕФА кон Русија, и по прекинот на Евролигата во кошарка за руските клубови, сега има барања да се повлечат радикалните мерки и во тенисот!

Тениската федерација на Украина бара на сите руски тенисери во наредниот период да им се забрани учество на ИТФ турнирите, што може да влијае на учеството на Данило Медведев, новиот најдобар тенисер во светот, на претстојниот Ролан Гарос!

Украинската тениска федерација го повика главното тениско тело на ИТФ веднаш да ги исфрли Русија и Белорусија од организацијата и да им забрани на Русите да се натпреваруваат во екипни и поединечни натпреварувања! ТФ на Украина ги опиша акциите на Русија и Белорусија во Украина во претходните денови како „незапаметени, цинични и крвави“.

ИТФ ги откажа сите турнири во Русија на неодредено време и соопшти дека нема да има натпревари во Белорусија во текот на 2022 година.

Се вчитува...