Медведев: Го сакам Вимблдон поради публиката

Светскиот рекет број два, Данил Медведев на мечот од второто коло против Шпанецот Алкарас покажа дека на третиот Гранд слем на сезоната доаѓа со високи амбиции и дека вимблдонската трева му прилега.

Русинот игра одлично, а вели дека настапот на овој турнир носи и посебен драж поради навивачите кои немаат изразени фаворити и знаат да го поздрават секој добар потег.

„Имам чувство дека Британците навиваат најрационално во тенисот. Немаат изразени фаворити, освен Роџер, Рафа и Новак, но тоа е нормално. Тие го бодрат секого. Кога игравме добри поени ни дадоа огромна поддршка. Тие знаат да го поздрават секој убав потег и поради тоа го сакам Вимблдон“, изјави Медведев.

Се вчитува...