Медведев: Ѓоковиќ заслужено останува прв на АТП листата и оваа година

Шампионот на УС Опен, Русинот Данил Медведев, по пласманот во полуфиналето на Мастерсот во Париз, ја коментираше борбата со Новак Ѓоковиќ за лидерското место на АТП листата на крајот од сезоната.

Како и Медведев и Србинот стигна и до полуфиналето во Париз и оваа недела си гарантира останување на првата позиција на АТП листата.

„Не размислувам за тоа. Ако го освоев Индијан Велс, можеби ќе бев на врвот. Новак заслужено останува прв. Тој повеќе размислува за тоа. Можеби затоа дојде на овој турнир“, потенцираше Медведев.

Се вчитува...