Медведев иронично ја коментираше казната на Синер: „Не…, суспендирајте ме на еден месец. Договорено!“

Рускиот тенисер Даниил Медведев, коментирајќи ја одлуката на ВАДА за само тримесечна суспензија на Јаник Синер поради допинг, имаше интересен предлог за сите кои потенцијално би можеле да паднат на допинг тест во иднина.

Тенискиот свет е збунет откако Италијанецот се спогоди со Светската антидопинг агенција (ВАДА), прифаќајќи тримесечна суспензија, по која ќе се врати на терените на 4 мај.

„Се надевам дека отсега сите ќе можат да разговараат со ВАДА и ако тие ви кажат: ‘Ви го најдовме ова, ќе бидаете две години под суспензија, вие само ќе одговорите: ‘Не. Сакам еден месец’. И, така ќе падне договор. Се надевам дека тоа ќе биде преседан. Во спротивно, ќе биде чудно“, рече Медведев.

Да потсетиме, Синер во март минатата година двапати беше позитивен на забранетата супстанца клостебол, но Меѓународната агенција за интегритет во тенис го ослободи од обвиненијата.

ВАДА ја обжали таа одлука пред Судот за спортска арбитража. Во серумот е пронајдено многу мало количество клостебол, а контаминацијата наводно била предизвикана од крем за масажа.

Се вчитува...