Медведев испиша историја на најновата АТП-листа

Новак Ѓоковиќ продолжува да доминира и на најновата АТП-листа, но денешното најново рангирање минува во знакот на Данил Медведев. Рускиот тенисер со вчерашниот освоен трофеј во Mарсеј го искористи неиграњето на Рафаел Надал и го прескокна шпанскиот ас на второто место на АТП-листата.

Со тоа, Медведев испиша историја станувајќи прв играч надвор од „големата четворка“ (Федерер, Надал, Ѓоковиќ и Мареј) по јули 2005 година што успеал да стигне до едно од првите две места на АТП-рангирањето.

„Секогаш е добро чувството кога се напредува на рангирањето, особено кога сте толку блиску до самиот врв. Ова уште повеќе ќе му ја зголеми самодовербата“, порача Медведев.

„Скокот“ на Медведев преку Надал е единствената промена во Топ 10 тенисерите, па зад шпанскиот ас се наоѓаат Тим, Циципас, Федерер, Зверев, Рублев, Шварцман и Беретини.

Се вчитува...