Медведев изгуби сет, но стигна до трето коло на Ролан Гарос

Русинот Данил Медведев се пласираше во третото коло на Ролан Гарос, откако вечерва беше подобар од Американецот, Тими Пол со 3-1, по сетови 3-6, 6-1, 6-4 и 6-3.

Вториот носител го загуби првиот сет, но потоа успеа да ја преброди кризата и на крајот да стигне и до сигурен триумф.

Во третото коло Медведев ќе игра со уште еден Американец, Рејли Опелка.

Се вчитува...