Медведев ја доби пресметката со Рубљов за полуфинале на УС Опен

Данил Медведев ја доби битката со неговиот сонародник Андреј Рубљов, и се пласираше во полуфиналето на Грен Слемот УС Опен. Медведев резултатски убедливо со 3-0 го совлада својот противник, во меч кој траеше 2 часа и 48 минути.

Иако Рубљов одлично го почна првиот сет, поведе со 0-3, земајќи и еден брејк, сепак, Медведев врати со два брејка, и до крајот го доби сетот со 6-4. Во вториот сет Медведев веднаш направи брејк, но врати Рубљов земајќи два брејка за водство од 1-3, но Медведев повторно се врати, овој пат го натера противникот на три загубени сервиси за конечни 6-3.

И третиот сет беше интересе, и повторно Рубљов имаше предност од 2-4, меѓутоа на крајот Медведев успеа да се врати, и да се намачи во последниот гем, кој го доби после петтата меч топка.

Медведев го чека подобриот од дуелот Алкараз – Зверев во полуфиналето, додека втората полуфинална двојка е веќе формирана, во која Ѓоковиќ ќе игра против домашниот тенисер Шелтон кој успеа да го совлада Пол со 1-3.

Се вчитува...