Новак Ѓоковиќ минатиот месец во Њујорк дојде до рекордната 24-та грандслем титула по победата во финалето на УС Опен над Русинот Данил Медведев.
Потсетувајќи се на тој меч, Медведев сега вели дека можеби и ќе го добиел финалето ако ја променел тактиката за време на самиот натпревар.
„Можеби некои работи ќе беа поразлични ако променев некои позиции. Свесен сум сега дека бев премногу тврдоглав на моменти одлучувајќи да не менувам ништо, а подоцна сфатив дека тоа нема да оди така но веќе беше касно. На пример, не ви треба брејк секогаш, но потребно ви е враќање во вистински час. Не бев во состојба да му одговорам како треба, иако за време на мечот мислев дека се правам исправно. По мечот видов дека сум бил многу тврдоглав, затоа што требаше нешто да променам“ – вели Медведев.
Русинот сега се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Виена, каде е прв носител, откако го победи Григор Димитров со 3-6, 6-2 и 6-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА