Данил Медведев покажува дека е во најдобра форма во моментов во светскиот тенис. Русинот во второто полуфинале на првиот гранд-слам во сезоната Австралија опен со максимални 3-0, по сетови (6-4, 6-2 и 7-5) го совлада Гркот Стефанос Циципас, кој по големата победа над Надал во четвртфиналето немаше сила за уште една маестрална партија.
Циципас пружи отпор само во последниот сет, во кој сепак на крај Русинот стигна до лесен триумф од 3-0. Во финалето Данил Медведев ќе игра со Новак Ѓоковиќ кој вчера во првото полуфинале беше подобар од руската сензација Аслан Карасев.
Во женското финале кое на програмата е во сабота наутро ќе се сретнат Наоми Осака и Џенифер Брејди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА