Медведев: Ќе има голем број откажувања од УС опен

Рускиот тенисер Даним Медведев вели дека ќе има многу откажувања од годинашното издание на УС опен, бидејќи по долга пауза тенисерите ќе мора да играат натпревари во три добиени сета.

„Секој од нас тенисерите е различен. Некои секогаш се подготвени да играат мечеви кои траат пет часа и следниот ден да бидат подготвени, но не се сите такви. Ме интересира да видам како сето тоа ќе изгледа. Мислам дека ќе има многу проблеми и многу откажувања, а особено ако биде многу топло“, изјави Медведев. 

Медведев минатата година на УС опен го имаше најдобриот резултат во кариерата каде стигна до финалето во кое во маратонски меч во пет сета загуби од Рафаел Надал. Годинава тој авантураната во Њујорк ја почнува против Аргентинецот, Федерико Делбонис.

Се вчитува...