Медведев: Кога играм добро, тешко е некој да ме победи

Рускиот тенисер Данил Медведев продолжува да игра одлично на УС Опен. Тој веќе стигна до четвртфиналето, но и самиот не крие дека се’ уште е далеку од поставената цел. Медведев посочи дека ќе оди чекор по чекор, но најави дека доколку ја задржи оваа форма, тогаш тешко дека некој може да го победи.

„Секогаш велам, одам меч по меч. Ако играм добро, знам за што сум способен и тешко е да ме победи било кој. На Вимблдон загубив од големиот играч Хуберт. Тој е во пораст, го победи и Роџер Федерер и мене. Но, генерално, четвртото коло не е доволно за играчот број два, се надевам дека ќе стигнам до финалето на УС Опен“, изјави Медведев.

Медведев се осврна и за следниот противник, холандската сензација, Ботик ван де Зандшулп.

„Тука има многу изненадувања, можеби повеќе отколку на другите слемови. Гледав неколку негови натпревари. Се сеќавам дека играше против Карен во Мелбурн, дури имаше и топка за меч. Знам дека може да игра добро, тоа можете да го видите денес. Тој е многу добар тактичар, стигнуваше насекаде. Се разбира, добро ќе се подготвам тактички, но ако добро сервирам, играм добро генерално, знам дека нема да биде лесно, но очекувам победа“, заклучи Данил.

Се вчитува...