Медведев: Кога заврши мечот го прашав Рафа дали е жив, ова ривалство не е готово

Данил Медведев мораше да се задоволи со второто место на Австралија Опен откако во епски меч не успеа да го совлада Рафаел Надал и покрај водството од 2-0 по првите два сета. Шпанецот одговори со одлична игра во продолжението од мечот, ги искористи слабостите на Русинот и преку целосен пресврт стигна до 21. титула во кариерата.

Рускиот тенисер по мечот имаше само пофални зборови за својот противник за кој вели дека не знае како не се уморил, но и дека ова ривалство не е готово.

„Тешко е да говорам по пет и пол часа игра. Сакам да му честитам на Рафа. Беше неверојатно кога те гледам. Се обидов да играм тенис, а кога заврши мечот го прашав: Дали си уморен, дали си жив. Ова беше лудо, каков неверојатен меч. Надал го подигна нивото на игра после првите два сета. Мислев дека ќе се умори, можеби и така беше, но и понатаму имаше одлична техника на движење. Рафа ти си шампион, но ова ривалство не е готово“, изјави Медведев.

Се вчитува...