Медведев лесно и против Шварцман за три од три на Завршниот турнир во Лондон

Данил Медведев е единствениот тенисер на АТП завршниот турнир во Лондон кој групната фаза ќе ја заврши со максимален учинок откако вечерва беше подобар и од Аргентинецот Диего Шварцман со 2-0, по сетови 6-3 и 6-3.

Во ниту еден момент Русинот не му даде ниту најмала шанса на Шварцман да дојде до првата победа на овој турнир. Медведев утре во првото полуфинале од 15 часот ќе игра со Рафаел Надал, додека во второто полуфинале во вечерниот термин од 21 се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим.

Се вчитува...