Медведев му набива комплекс на Зверев

Данил Медведев стигна и до втората победа на завршниот АТП турнир во Торино, славејќи над Александар Зверев со 2-0 во сетови за пласман во полуфиналето на ова натпреварување.

Рускиот тенисер сервираше беспрекорно од почеток до крај, знаеше како да ги искористи шансите што му се укажаа и уште еднаш го најде лекот за Зверев, ривал против кого има пет победи и само еден пораз во последните шест дуели. Првиот сет беше максимално израмнет, а Медведев го доби во тајбрејк со 7-5. Во вториот се играше „егал“ се до десеттиот гејм, кога Зверев се соочи со проблеми на свој сервис, а Медведев знаеше да го искористи тоа и го доби сетот со 6-4.

Рускиот тенисер во третиот меч од групата ќе се сретне со Карлос Алкараз, дуел на кој Шпанецот ќе мора да слави ако сака да има шанси за полуфинале откако во првиот меч загуби од Зверев со 1-2 во сетови.

Се вчитува...