Медведев на раб на „нервен слом“: Дивееше поради публиката во Париз, играше со скршен рекет… (ВИДЕО)

Данил Медведев доживеа елиминација уште на стартот од АТП Мастерсот во Париз. Русинот загуби од бугарскиот тенисер Григор Димитров во меч во кој делуваше дека Медведев е на раб на „нервен слом“, посебно во финишот на вториот сет при резултат 5-5.

При еден негов сервис се чинеше дека го одолговлекува почетниот удар, па доби свирежи од трибините. Факт е дека гледачите претераа, секогаш негативно настроени кон Русинот, но факт е дека и Медведев не успеа да се исконтролира.

Медведев се впушти во расправа со главниот судија не сакајќи да игра додека публиката не се смири.

„Не сакам да играм. Нема да игра… Ако и еден почне да свири, ќе престанам да играм. Ова не е нормално“ – се закани Медведев.

Но, судијата не му прости за таа расправа па го казни со опомена поради одолговлекување.

И тоа не е се… Данил во еден поен играше и со скршен рекет. Сето тоа на крајот го чинеше пораз, откако Бугаринот го доби мечот по три сета и 173 минути игра.

Се вчитува...