Медведев: Некој треба да умре, тогаш ќе ви дојде памет

Данил Медведев со нова максимална победа се пласираше до полуфиналето на УС Опен, но рускиот тенисер не ја пропушти можноста да ги критикува организаторите што програмата ја почнуваат во периодот на најголеми жештини.

Неговиот дуел со Рубљов се играше на над 30 степени целзиусови, а Медведев имаше што да каже за тоа.

„Некој треба да умре, некој играч да падне овде на лице место, тогаш ќе ви дојде памет“, прокоментира Медведев по еден гејм додека минуваше до својата клупа.

За тешките услови за игра пред неколку дена говореше и деветтиот носител на турнирот, Тејлор Фриц, кој беше елиминиран од Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето.

„Жештината не ми пречи. Сепак, ја чувствувам влагата во воздухот, а тоа многу исцрпува кога цело време трчате како во тенисот“, изјави Фриц.

Се вчитува...