Медведев: Ноле има големо срце – Kога бев анонимус без никаква суета дојде да разговара со мене

Новак Ѓоковиќ стигна до 18-грандслем титула откако во големото финале на Австралија опен славеше над Русинот, Данил Медведев. Медведев по натпреварот откри еден момент од почетокот на неговата кариера, кој никогаш нема да го заборави. Русинот вели дека Ноле има големо срце и секогаш е тука да им помогне на младите тенисери.

„Бев 500, 600 на АТП листата, а тој тогаш го освои Вимблдон. Бев срамежлив, а тој ми пријде и зборуваше со мене како да сме најдобри пријатели. И тоа се уште се нема променето и затоа сум му многу благодарен. Благодарен сум за тоа што го прави за сите нас младите тенисери“, изјави Медведев.

Се вчитува...