Медведев: Повеќе нема тенис, почнав да тренирам друг спорт! (ФОТО)

Данил Медведев реши да земе одмор по исцрпувачкото финале на Австралија опен. Рускиот тенисер, во Мелбурн, по пет часа игра испушти предност од два сета и загуби од Рафаел Надал.

Разочарaн од поразот, Медведев реши да земе одмор, поради што го откажа учеството на турнирот во Ротердам.

Медведев, во моментов не сака да мисли на тенисот. Поради тоа реши да вози картинг и тоа со поранешните Ф1 возачи, Данил Квјат и Александер Албон.

„Повеќе нема тенис, мојот тренинг за Ф1 официјално започна“, напиша Медведев на социјалните мрежи, објавувајќи снимка од трката.

 

 

Се вчитува...