Медведев повторно незадоволен од публиката: Тоа се идиоти, мораш да им повторуваш (ВИДЕО)

Данил Медведев и Рафаел Надал играат епско финале на Австралија Опен. Откако Русинот имаше водство од 2-0, со добрата игра, но и поддршката од публиката шпанскиот ас успеа да се врати мечот.

Рускиот тенисер тешко успеава да ги консолидира своите редови па незадоволството го изрази жалејќи се кон судијата за односот кон него од трибините. Како што вели Медведев, тоа се идиоти на кои треба повеќепати да им се објасни да ги следат правилата.

Се вчитува...