Медведев повторно подобар од Зверев

По финалето на Мастерсот во Париз, Данил Медведев повторно беше подобар од Германецот Александар Зверев, овој пат на завршниот АТП турнир кој за последен пат се игра во „О2“ арената во Лондон.

За разлика од финалето од пред една седмица, Русинот сега не му дозволи ниту сет на својот противник, совладувајќи го со максимални 2-0, по сетови (6-3 и 6-4).

Во првиот натпревар од денешната понуда првиот носител Новак Ѓоковиќ славеше над Аргентинецот Диего Шварцман.

Утре на програмата се натпреварите од „Лондон 2020“ групата во кои се среќаваат Рафаел Надал – Доминик Тим и Стефанос Циципас -Андреј Рубљов.

Се вчитува...