Медведев преку Надал до финале со Тим

Русинот Данил Медведев ќе го предизвика Доминик Тим во финалето на АТП завршниот турнир во Лондон, откако во полуфиналето го совлада Шпанецот Рафаел Надал со 2-1, по сетови 3-6, 7-6 и 6-3.

Во првиот сет само еден брејк му беше потребен на Рафа да дојде до водство од 1-0. Вториот сет беше вистински ролер-костер. Русинот имаше водство од 4-1, по кое следеше серија на Рафа од четири гема по кои сервираше за меч. Медведев се врати го одведе сето во тај брејк по кој успеа да израмни на 1-1. Во последниот сет Русинот беше далеку подобар противник и заслужено се пласираше во првото финале на завршниот турнир.

Се вчитува...