Рускиот тенисер, Данил Медведев е првиот финалист на АТП завршниот турнир во Торино. Медведев експресно славеше во првото полуфинале совладувајќи го младиот Норвежанец, Каспер Руд со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-2.
Во првиот сет на Медведев му беше доволен само еден бреј, додека во вториот успеа два пати да го одземе сервисот на противникот.
Во финалето Медведев ќе се обиде да ја одбрани титулата против подобриот од второто полуфинале меѓу првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ и Германецот, Александар Зверев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА