Медведев: Првото место беше сон, сега е голема цел

Рускиот тенисер Данил Медведев истакна дека првото место на АТП листата е негова голема цел веќе подолго време. Медведев продолжи да се бори за првото место на АТП листата, бидејќи во осминафиналето го совлада Пабло Андухар со 6-1, 6-2.

Доколку ја освои титулата во Акапулко, рускиот тенисер сигурно на врвот ќе го замени Новак Ѓоковиќ. Последниот човек кој беше прв на АТП листата без да се вика Роџер Федерер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ или Енди Мареј беше Енди Родик.

„Многу се зборува за тоа, но се уште немам постигнато ништо. Секако, тоа е мојата голема цел и вистината е дека многу би ми значело доколку застанам на првата позиција. Кога го освоив второто место, ја прекинав големата доминација на големата четворка, сега планирам да го направам истото. Тоа е нешто за што сонував, а тоа е мојата цел долго време. Но, во моментов сум фокусиран на следниот натпревар“, изјави Данил.

Се вчитува...