Медведев: Првото место на АТП и освојвуањето на Вимблдон не се недостижни, извонредниот Ѓоковиќ е мој предизвик

Рускиот тенисер Данил Медведев изјави дека не е оптоварен со можноста да го заземе првото место на АТП-листата, бидејќи се чини дека Новак Ѓоковиќ нема да изгуби ниту еден бод. Учеството на Вимблдон, Медведев го започна со победа над Јан-Ленард Штруф со 6-4, 6-1, 4-6, 7-6 (3-0).

Русинот има можност да го замени Новак Ѓоковиќ на првото место на АТП-листата на третиот гранд-слам во сезоната. Новинарите се интересираа дали тој знае какви услови треба да исполни за да дојде на врвот од светската ранг листа.

„Од сезоната на земјена подлога, знам дека практично не бранам бодови до Вашингтон или Синсинати. Треба да стигнам до финалето на гранд-слам или да победам на Мастерсот или да го освојам гранд-сламот. Но, Новак не планира да изгуби бодови. Ваквиот развој на настаните не ми создава дополнителен притисок, затоа што секогаш се трудам да го дадам својот максимум. Тоа е најважната работа, играњето на врвно ниво може само да ве доведе на прво место. Ако освоите три гранд-слама годишно, веројатно ќе бидете првиот, така ја гледам ситуацијата“, изјави Данил.

Медведв даде и свој одговор за тоа колку е голема разликата помеѓу првото и второто место.

„Мислам дека разликата ја прави освојувањето на гранд-сламот. Секако, имаше и такви кои го зазедоа првото место, а немаа никаков освоен слам. Но, тоа е исклучок. Според мене, мора да освоиш слам и да постигнеш уште неколку добри резултати за да бидеш прв. Разликата сега е голема затоа што, освен Тим, никој од нас младите нема слам. Првото место на АТП и освојвуањето на Вимблдон не се недостижни, извонредниот Ѓоковиќ е мој предизвик “, изјави Русинот.

Инаку, Медведев ќе стане првиот тенисер во светот доколку го освои Вимблдон, или ако стигне до финалето, а Новак Ѓоковиќ го заврши турнирот порано.

Се вчитува...