Медведев сигурен на стартот на мастерсот во Мајами

Рускиот тенисер Данил Медведев успешно ја премина првата пречка на АТП Мастерс 1000 турнирот во Мајами откако во 2. коло со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 6-2 славеше против Шпанецот Роберто Карбалјес Баена.

Во третото коло во машкиот дел од турнирот пласман обезбедија и неговиот сонародник Карен Хачанов, како и Френсис Тиафо од САД, како и Французите Грегори Барере и Адриан Манарино.

Кај дамите шампионката од Индијан Велс и финалистка од Австралија опен, Елина Рибакина во трилер меч во кој успеа да спаси меч топка славеше против шпанката Паола Бадоса со 2-1 (3-6, 7-5 и 6-3).

Се вчитува...