Медведев, Циципас и Вавринка елиминирани од Синсинати

Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев се пласираа во 1/4 финалето во Синсинати. Србинот го доби натпреварот со Давидовиќ-Фокина откако го предаде при 1-0 за Ѓоковиќ. Зверев, пак, со 2-1 го совлада Медведев во сетови 6-4, 5-7, 6-4.

Од турнирот испадна Циципас, кој загуби од Хуркач со 2-0 во сетови, а Вавринка беше елиминиран од Парсел од Австрлија со 2-0. Во слддната фаза се пласираше и Попирин кој го совлада Финецот Русувуори.

Мечот меѓу Алкараз и Пол беше прекинат при 1-1 во сетови и 4-3 во третиот сет за Шпанецот поради невреме и дожд.

Се вчитува...