Медведев во маратонски пресврт до финале во Австралија Опен

Данил Медведев трет пат по ред ќе игра во финалето на Австралија Опен, откако со голем пресврт го совлада Германецот Александар Зверев. Медведев губеше со 0-2, но во мратонски пресврт успеа на крајот да победи и да дојде до финалето. Таму ќе го чека Јан Синер, кој претходно го елиминираше Новак Ѓоковиќ.

Зверев имаше предност од 2-0  (7-5, 6-3), и кога се чинеше дека ќе нема ново финале за Медведев, тој направи пресврт и потоа со серија од три добиени сета (7-6, 7-6, 6-3), си закажа дуел со Синер за големиот пехар во Австралија.

„Треба некогаш да ја предизвиката среќата, и денеска беше мојот ден. Никогаш не би беше вака тешко. Физички и ментално беше тешко, многу пати не бев доволно силен. Среќен сум што ментално бев силен и бев концентриран. И натаму сум далеку од совршен, но на добар пат сум“, рече Медведев по мечот.

Се вчитува...