Рускиот тенисер Данил Медведев победи во четвртфиналето на турнирот во Акапулко закажувајќи полуфинале со Рафаел Надал, и веднаш по победата повика на стопирање на воените акции и мир во Украина.
Медведев го победи Нишиока со 2-0 во сетови, прославувајќи го притоа и очекуваното преземање на првото место на АТП ранкингот по поразот на Новак Ѓоковиќ на турнирот во Дубаи.
„Како тенисер сакам да го промовирам мирот во целиот свет. Сум играл во толку многу земји како јуниор и професионалец, не е лесно да слушаш вакви вести, сакам само мир. И денеска ми беше тешко да играм, затоа што тенисот не е најважен во животот“ – изјавил емотивниот Медведев по триумфот над Нишиока.
Медведев во полуфиналето ќе се соочи со Рафаел Надал, кој го победи Пол исто така во два сета. Во второто полуфинале во Акапулко ќе играат Циципас и Нори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА