Мега се засили непосредно пред дуелот со МЗТ во Скопје

Александар Стефановиќ е нов кошаркар на аба-лигашот Мега, потврди белградскиот клуб. Тој во Србија доаѓа од Грција каде оваа сезона ја започна во дресот на грчкиот состав Колосос, а со себе носи и НЦАА искуство настапувајќи на Универзитетот Пердју во Индијана.

Дваесетичетиригодишникот висок 196 сантиметри ја покрива бековската позиција и се очекува да биде големо засилување за еден од конкурентите на македонскиот шампион во регионалното првенство во битката за опстанок.

Мега во досегашниот дел од сезоната има учиник од една победа и пет порази, исто како и МЗТ Скопје, а меѓусебниот натпревар ќе биде следниот викенд (27.11) во Скопје. Претходно аеродромци ги очекува средба со ФМП, а Мега со Морнар.

Се вчитува...