Мега со „час по кошарка“: „Тика-така“ акција од учебници (видео)

Кошаркарите на Мега го демонстрираа сиот свој талент, но и тактичка поткованост на овој млад тим, со една беспрекорно реализирана акција на дуелот со Партизан.

Гостинските кошаркари одиграа беспрекорна акција во стилот на фудбалската „тика така“, со бројни додавања ја разбија поставената зона, за на крајот Момиров рутински да реализира под кошот на белградските „црно-бели“.

Кошаркарите на Партизан на крајот сепак последни се радуваа славејќи во драматичен финиш со 79-77. „Црно-белите“ изведоа аут од под кошот на противникот со само 0,6 секунди до крајот на нападот, но Американецот Томас одлично се снајде, погоди од рекетот и донесе огромна радост на избраниците на тренерот Филиповски.

Се вчитува...